Една од најпознатите и најуспешните манекенки во светот, Ирина Шајк во новата фотосесија за насловната страница на едно познато списание остави малку на имагинацијата, а предизвика и бурни реакции на социјалните медиуми.
Магазинот „032C“ на инстаграм-профилот објави слики од фотосесијата на насловната страна со Ирина. На новите фотографии манекенката провокативно позира во неколку модни изданија – од комбинација со минијатурен градник и мини-здолниште до кожна престилка.
Најголемо внимание ка корисниците на социјалните медиуми привлече фотографијата на која манекенката направила необична поза, на која во преден план е нејзиниот задник.
Иако објавата за само два часа собра речиси 200.000 лајкови, негативните коментари под фотографијата не изостанаа.
„Навистина мислам дека некои од овие слики не се потребни.“; „Ти си една од најубавите жени на светот, но тоа не значи дека сè изгледа добро на тебе. Те молам, не паѓај под твоето ниво“; „Дали ова треба да биде модна фотографија? Едноставно е вулгарно“; „Зошто четврта фотографија“, беа дел од коментарите.
Секако, ова не е првпат Шајк објави заводливи фотографии на Инстаграм. Во август, таа, исто така, остави малку на имагинацијата кога позираше топлес само во долен дел од бикини, покрај карпеста структура.