Марго Роби (33) го украде вниманието на премиерата на новиот филм на Емералд Фенел, „Saltburn“, во Лос Анџелес.
Актерката номинирана за Оскар заблескала во кафеав, проѕирен корсет, а пристигнала во друштво на сопругот Том Акерли за кој се омажи во 2013 година.

Корсетот го истакнал нејзиното деколте и виткиот струк, а Роби го надополнила со предимензионирани сомотски кафеави панталони и пар кафеави кожни чизми. Изданието го заокружила со златен ѓердан и нејзините препознатливи руси локни.
Прогласена за најзгодна и најуспешна жена
Инаку, познатиот магазин „Maxim“ ја прогласи Марго Роби за најзгодна и најуспешна жена во 2023 година. Актерката оваа година беше личност за која не престана да се зборува, а тоа беше поради нејзината улога во филмот „Barbie“. Покрај тоа што ја оживеа популарната кукла, Роби го продуцираше и филмот.
„Variety“ дознава дека Марго била платена 12,5 милиони долари за улогата на Барби, а со тоа беше најплатената актерка за 2023 година. Таа плата го надмина нејзиниот претходен највисок хонорар од 10 милиони долари за „Birds of Pray“ од 2020 година во кој ја глумеше Харли Квин.



