Актерката Кејт Бекинсјел во бикини изгледа како божица (ФОТО)

by Тони Зографски

Актерката Кејт Бекинсјел има 49 години – тоа го истакнуваме за сите оние дами коишто се убедени дека атрактивноста е секогаш „залепена“ до младоста. Но, секоја жена може да биде убава без оглед на датумот и годината на раѓање.

И, не мора секако притоа да изгледате како Кејт, вие можете да бидете убави на милион начини.

Kejt Bekinsejl
Атрактивната Британка според коментарите под нејзините фотографии кои ги споделува на социјалната мрежа Инстаграм сепак го одзема здивот на секој оној кој ќе ја погледне.Овојпат Кејт позирала во прекрасен модел на костим за капење кој не се гледа толку убаво на фотографиите кои ги споделила.

Кога станува збор за оваа ѕвезда, интересно е тоа што таа поседува IQ 152.

Kejt Bekinsejl
Па, сепак таа во една прилика за блескавата интелигенција ги кажала следните зборови:
„Секој доктор, секоја личност која некогаш сум ја запознала, рекла: Би била многу посреќна да си 30 отсто помалку интелигентна. Интелигенцијата всушност не ми носи ништо добро. Не ми е од помош во кариерата. Мислам дека всушност ми е хендикеп“.

Kejt Bekinsejl

останати вести