Пејачот Дарко Илиевски, кој пред две недели стана татко, објави прва фотографија од синот.
“Дами и господа, ви го претставувам идниот претседател на Америка“, напиша пејачот во прилог на фотката и откри дека бебето се вика Ноа Матео.
Ова е прво дете на Дарко и неговата сопруга Ивана. Двојката се венча 2016 година, а една година потоа Дарко се пресели на Флорида, каде што Ивана живее долги години.
Инаку, Дарко е зет на легендарниот ДЈ Славе Келешоски, стружанецот познат како пионер во диџејството во Македонија и во екс Југославија.