СИНОТ НА ЕСМА ОБВИНУВА: Таканаречените Реџепови украдоа гарнитура и фотеља вредни над 7.000 евра

by Тони Зографски

Симеон Атанасов, син на починатата Есма Реџепова, се огласи на социјалните мрежи со обвинувања до, како што вели тој, таканаречените Реџепови, за кои тврди дека украле маса и фотеља вредни над 7.000 евра. Тој обвинува дека еден дел од децата на Есма го испразниле музејот и однеле се што било вредно, а притоа ги повика и надлежните органи, односно МВР, да ја проверат оваа состојба за, како што вели тој, кражбата во музејот на Есма и Стево Теодосиевски.

Инаку,пред десетина дена, на тригодишнината од смртта на Есма, Симеон Атанасов преку социјалните мрежи напиша подолг статус околу причините музејот што сеуште не е довршен.

останати вести