СИМПТОМИ НА КОРОНАВИРУС КОИ НЕ СМЕЕТЕ ДА ГИ ИГНОРИРАТЕ: Ако ги почувствувате, веднаш јавете се на лекар!

by Тони Зографски

Директорката на КБЦ Бежаниска коса, д-р Марија Здравковиќ ги истакна симптомите на  коронавирусот, кои не смееме да ги игнорираме.

На прашањето која е клиничката слика на која треба да реагираме ако ја забележиме, таа рече дека симптомите се скоро исти како во првиот коронален бран, но дека тие траат подолго сега.

Д-р Здравковиќ рече дека мора да се посвети внимание на:

– температурата трае повеќе од 24 часа

– кашлица

– замор

– поспаност

– тешко чувство на раце и нозе

Како што рече таа, просечната возраст на хоспитализирани пациенти е околу 50 години.

-Тој просек станува се помал. Започнавме со 52, а сега нашиот статистички просек е 47, така што се движиме сè повеќе кон помладите категории. Секогаш имаме голем број на места за пациенти кои доаѓаат и не можат да се транспортираат понатаму затоа што со тоа ја загрозуваме нивната здравствена состојба, објасни д-р Здравковиќ за РТС.

останати вести