Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) спроведе студија која покажа дека симптомите на инфекција со сојот омикрон се појавуваат по три дена.
Со зголемена преносливост и потенцијално поблаги симптоми, сојот омикрон има пократок период на инкубација во споредба со делта и другите соеви на коронавирусот, објави порталот Хелф.
Симптомите на другите соеви на коронавирусот се појавуваат во просек пет дена по инфекцијата.
Студијата е објавена во неделниот извештај на ЦДЦ за морбидитетот и морталитетот.
Во студијата учествувале шест лица од исто домаќинство за кои постои сомневање дека се заразени, од кои само едно лице било целосно вакцинирано.
По геномското секвенционирање на примероците, било откриено дека сите се заразени со сојот омикрон.
ЦДЦ потоа докажа дека симптомите се појавиле по три дена.
И Норвешкиот институт за јавно здравје ги анализирал симптомите на 111 луѓе кои присуствувале на божиќна забава.
Повеќето биле целосно вакцинирани, а 73 проценти биле позитивни на омикрон.
Никој немал тешка форма на болеста, а симптомите се појавиле во рок од три дена.