Пандемијата не е при крај, имајќи предвид дека мал процент од светската популација е вакцинирана против „Ковид-19“ досега, изјави за CNBC познатиот англиски епидемиолог, Лари Брилијант.
Д-р Лари Брилијант, епидемиолог кој беше дел од тимот на Светската здравствена организација, кој исто така помогна во искоренување на сипаниците, додал дека варијантата делта на вирусот корона е „можеби најзаразниот вирус“ досега.
Добрата вест е дека вакцините што ги имаме на пазарот се исто така ефикасни против овој вид. Сепак, проблемот е што само 15% од светската популација е вакцинирана, а повеќе од 100 земји вакцинираа помалку од 5% од нивната популација, истакнал тој.
„Мислам дека сме поблиску до ново разбукнувањеотколку до крајот на пандемијата. Доколку не се забрза вакцинацијата, ќе продолжат да се развиваат нови видови. Короната ќе остане тука и ќе биде нешто како сезонски вирус”.
Тој рекол дека неговото истражување покажало дека новиот вид делта се шири долж патеката во форма на буква V. „Тоа значи дека инфекцијата се зголемува многу брзо, но и дека брзо се намалува“, објаснил тој.
„Доколку предвидувањата се покажат како точни, тоа значи дека варијантата делта ќе се шири толку брзо што на крајот ‘во основа ќе остане без кандидат’ за инфекција“.
Се чини дека постои сличен модел на однесување на вирусот во Обединетото Кралство и Индија, каде што ширењето на варијантата делта опадна многу брзо.
Тој предупредува дека видот делта не е последната мутација на овој вирус. „Многу е тешко да се предвиди како ќе се развива овој вирус, но мора да бидеме внимателни и да ги преземеме сите мерки, а се чини дека вакцинацијата е единственото решение“.
„Најризични се оние над 65 години, затоа ве советувам да бидат дополнително внимателни“.
„Додека не добиеме колективен имунитет преку вакцинација, нема да можеме целосно да се опуштиме“, заклучил тој.