Атрактивната македонска пејачка Симона Поповска има нов соработник на сцена, а станува збор за Бока Конга, момчето кое важи за еден од актуелните модерни свадбени забавувачи на конги.
Изминатиот викенд оваа музичка двојка настапуваше на приватна забава во Кавадарци, , а по тој повод пејачката се појави во кусо црвено фустанче како секси баба Мразица, а во преден план овојпат беше деколтето кое изгледа поголемо, па многумина се запрашаа дали атрактивната Симона ставила силиконски гради.