Хакерската група „Анонимус“ се врати по три години неактивност. На Твитер профилот на групата објавени се некои шокантни детали за смртта на принцезата Дајана. Анонимниот твит сугерирал дека смртта на принцезата Дајана наводно била голема завера на кралското семејство на кое што припаѓала принцезата.
Хакерската група изјавила дека кралското семејство морало да ги прикрие своите тајни, а за тоа да го направат секако дека планирале да ја ликвидираат принцезата Дајана…
Во 1996. година, принцезата се развела од принцот Чарлс. Пред да ги прекине врските со кралското семејство, принцезата Дајана забележала штетни докази за поврзаноста помеѓу трговијата со луѓе и кралското семејство. Според Анонимуси, принцезата Дајана го снимила сведочењето на жртвата, која, наводно, била силувана во Кралскиот двор. Не само тоа, Дајана исто така работела да добие повеќе сведочења на жртвите и да создаде докази за злосторства.
Но, пред Дијана да го стори тоа, таа на 31-ви август 1997-та година загинува во сообраќајна несреќа. Анонимуси откриваат дека не станува збор за несреќа, туку за наводно убиство на Дијана, која нејзините следбеници официјално ја викаа Ружа на Англија.