Силикони во градите ја спасиле од сигурна смрт една 30 годишна девојка. Лекарите велат дека имплантите во градите на девојката и го спасиле животот, со што спречиле куршум да помине низ нејзиното срце.
Според нивниот извештај , 30- годишна жена шетајќи се низ улица во Торонто почувстувала „жештина и болка во левата страна на градите“, забележала и крв. Таа сама успеала да дојде до најблиската итна медицинска помош.
Лекарите и ги извадиле и двата силконски импланти и забележале дека куршум поминал низ левиот имплант, па во десниот толку силно што десниот имплант бил свртен. Бидејќи левиот имплантант се наоѓал над срцевата и градната празнина на жената, веројатно е дека нејзиниот имплант и го спасил животот, се вели во извештајот.
Во медицинската литература постојат уште четири случаи каде куршуми завршиле во импланти. Во два случаи куршумот завршил во имплантите и сигурно спасил два животи. Најверојатно имплантот го успорува куршумот и на тој начин станува помалку опасен по живот.
Научниците имплантите ги тестирале во лабораторија и потврдиле дека во одредени околности може да спасат живот. И понатаму е непознато кој пукал во 30 годишната жена која се шетала низ улица во Торонто. Лицето се уште не е пронајдено, а девојката е успешно излечена.