Њујорк во моментов е епицентар на пандемијата на коронавирусот во Америка, каде бројот на заразени и починати од Ковид 19 се зголемува од час во час.
Медицинската сестра Днил Шамал, која се преселила во градот најтешко погоден со пандемијата, во својата објава на Фејсбук низ солзи раскажа со што секојдневно се сретнува во болницата. Потресената Шамал истакнала како премногу мора да поднесе кога во прашање е хаосот кој се случува во Њујорк.
“Уморна сум од влегување во соба и пронаоѓање на мртви пациенти. Едноставно влегувате во соба, а таму е мртво тело. Уморна сум од повици на семејствата и пренесување на тие вести – рекла сестрата.
Шамал додала дека нема ништо што може да ги подготви она што се случува во сред пандемијата.
“Мислам дека луѓето не разбираат колку оваа работа е стресна. Обучена сум за било што на светот, ама ова е престресно- рекла таа.
Инаку, видеото го погледнаа скоро 935.000 луѓу кои им дадоа поддршка на медицинските работници кои се борат со коронавирусот.