Еден маж се пожалил на социјалните мрежи дека неговата девојка со која живее неколку години, се тушира само еднаш во 10 дена. Мажот истакнал дека му е срам што мора да ѝ каже на неговата девојка дека мора да биде поуредна. Таа притоа се оправдувала дека водата лошо влијае на нејзината коса.
Тој својата приказна ја споделил со сите.
„Се чувствувам многу лошо бидејќи забележувам колку често таа (не) се тушира и не ми е пријатно да спијам со неа во ист кревет, косата ѝ смрди и сакам мојата девојка да биде женствена, а замислете не ги депилира ниту влакната на нозете“, напишал несреќниот партнер и додал:
„Кога има менструација, тогаш не се тушира, бидејќи се чувствува чисто. Секој од нас има слобода да прави што сака, но исто така се чувствувам слободно да ѝ кажам дека навистина ми пречи нејзината крајна неодговорност за хигиената. Мислам дека не барам многу“, напишал тој.