Актерот, комичар и поранешен презентер на CNN, Д.К. Хјули објави дека му бил дијагностициран корон вирус откако се срушил на сцената за време на настапот во Нешвил.
Хјули (57) бил исцрпен затоа што работел и патувал во текот на неделата, соопштија неговите претставници за медиумите. Во објавата на Инстаграм, Хјули објави дека му е дијагностициран корона вирусот во болницата каде го однеле после падот на сцената во петокот вечерта.
Тој на Инстаграм објасни како му било кажано дека неговиот случај е асимптоматски.
„Немав симптоми на грип, немав краток здив или отежнато дишење. Не кашлав ниту имав треска. Сè уште немам. Не го изгубив чувството за мирис, очигледно само ја изгубив свеста“, вели Хјули и додаде дека ќе се врати во својата хотелска соба во карантин на две недели по напуштањето на болницата.
На Инстаграм, тој им се заблагодари на своите следбеници, кои се повеќе од 1,7 милиони.
DL Hughley passed out during his stand-up show at Zanies Nashville tonight. Prayers up for him! pic.twitter.com/qoE1CzbqHf
— Brooks Golightly (@brooklynluv) June 20, 2020