На средба во Виена се сретнаа најстариот и најмладиот премиер на светот.
93-годишниот премиер на Малезија, Махатир Мохамад се состана со 32-годишниот австриски канцелар, Себастијан Курц.
Главна тема на состанок бил подобрување на односите меѓу двете земји.
Махатир Мохамад во Виена се наоѓа на конференцијата “ Меѓународни агенции во борба против корупцијата“.