MИНИСТРИТЕ НЕКА ОДАТ НА РАБОТА СО ТРОТИНЕТИ: Талат Џафери е против укинување на патните трошоци

by Тони Зографски

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите изјави дека ако Владата достави законски измени за понатамошно кратење на трошоците на пратениците, ќе предложи сите во Владата да се откажат од службените возила и секаде да одат со тротинет.

Според Џафери треба да се обезбедат услови за работи и да се има предвид дека доаѓаат од различни места во државата.

„Очекувам да не добијам таков предлог од Владата, а поединечно не очекувам некој да се откаже од тоа право што е регулирано со Уставот. Ако добијам таков предлог од Владата, јас ќе поднесам предлог сите да се откажат од службените возила и да одат на работа со тротинет. Па, ќе направиме карикатура од државата. Или ќе правиме држава или ќе си поигруваме со популистички политики кои ни носат дневни поени“, рече Џафери.

останати вести