Холивудската актерка Еиза Гонзалес официјално го најави почетокот на летото со атрактивна фотографија на Инстаграм.
Убавата бринета ги почести своите бројни обожаватели на споменатата мрежа со заводлива фотографија во бикини која многу нагласува – витко тело, бујни гради и тенок струк.
Еиза, која покрај глумата, и пее, од 2013 година живее и работи во Лос Анџелес. Инаку, Еиза е позната по својата специфична убавина. На нејзиниот шарм не можеа да одолеат многу холивудски мажи, но и оние од другите сфери на јавниот живот.
Минатата година беше во врска со златното момче на Холивуд – Тимоти Шаламе, а претходно ја поврзуваа и со фудбалерот Кристијано Роналдо, актерите Лиам Хемсворт и Џош Духамел, музичарите Малума и Калвин Харис… Пред неколку месеци беше потврди и дека го завела Џејсон Момоа, можеби најпосакуваниот маж на денешницата.