Хрватската музичка дива Габи Новак пред неколку дена излегла од болница, па раскажа низ се што поминала и во каква состојба го нашла својот стан по земјотресот во Загреб.
-Како сум? Што да ви кажам? Се снаоѓам во полууништениот стан. Имав тешко воспаление на белите дробови, лежев до соба со пациенти заболени со коронавирус. Едвај се извлеков – изјавила Габи во интервју за Дневни аваз.
-За време на земјотресот бев во болница. Оџакот падна, а сеуште немам греење. Минувам низ тежок период, не само јас, туку цел Загреб. Сите сме во изолација. Мислам дека пандемијата уште долго нема да се смири – вели хрватската дива која не ја напушта оптимизмот.
-Дај боже, цела планета нормално да продише. Што не поминавме последниве 30 години. Колку само загинаа за ништо. Се можеше поинаку. Како што мојот Арсен напиша: “Го чистам својот живот“, Тоа беше негов слоган. Во животот тргај ги од себе лошите луѓе, лошата храна, лошиот амбиент. Во овие тешки времиња, се повлекувам и ќе се исплачам. Замолчувам, се вовлекувам во некоја самотија. Ако знаеш да ја искористиш, тогаш во самотијата треба да се бараш самиот себе да видиш до каде си стигнал. Самотијата не е бегство, самотијата е прочистување.