Градоначалникот на Месина, Катено Де Лука, познат по своите недипломатски и остри пораки, ги предупреди граѓаните во неодамнешното видео од неговиот кабинет да се почитуваат ограничувањата и забраните наметнати во времето на епидемијата од коронавирус.
Тој потсети дека не е дозволено групно дружење или „романтичен риболов“, што е локален термин за љубовни состаноци.
„Пазете се ако ве најдам како се бакнувате, гушкате, а ниту она другото не е дозволено “, рече Де Лука.
„Засега, на љубовен план, мора да се воздржуваме од тотална апстиненција. Да бидеме јасни, тешко е за секој што го крши правилото за апстиненција. И повторно ќе кажам, до 31 октомври е на сила тотална апстиненција“, беше убедлив тој.
Во своето последно обраќање, тој конкретно им рече на граѓаните на Месина дека мора да се воздржат од сексуални односи и дека дури и дома и во кревет морале да држат растојание од најмалку еден метар.
Претходно, Де Лука воведе дронови за контрола дали граѓаните на Месина ја почитуваат забраната за напуштање на куќата.
Беспилотните летала летаа не само низ градските улици, туку и селата и шумските патишта, и беа опремени со звучници преку кои градоначалникот налутено им се обраќаше на оние што беа надвор, а не им беше дозволено.