Туристка од Чешка е протерана од Венеција откако била фатена како топлес позира на воен споменик.
30-годишната девојка се соблекла и ги оставила работите на споменикот. Таа се капела во ледената лагуна, а потоа легнала покрај статуата за да се фотографира. По полициска интервенција и` бил забранет влез во Венеција во траење од 48 часа и казнета е со 450 евра.
Споменикот, бронзена статуа на убиен партизан, е посветен на жените кои ги дале своите животи во борбата за слобода. Се наоѓа во близина на градините на Биеналето и е една од ретките статуи посветени на жените во Италија.
Локалниот жител Марио Насон се шетал со својот син кога видел жена во топлес со пријателите.
“Тоа беше убав ден и видовме двајца луѓе како се фотографираат. Потоа забележав жена како плива. Мислев дека мора да е луда бидејќи плива на леден ден. А потоа ја видов како излезе од водата и се качува на статуата, облечена само во долен дел од бикини “, вели случаен минувач.
“Таа се качи на статуата, а потоа се врати во водата, целосно опуштена. Нејзиното момче и друга жена ја прескокнаа бариерата и беа кај споменикот за да направат подобра фотографија од неа. Стоеја покрај облеката што ја остави на споменикот, како да се наоѓаат на плажа “, додава жителот.
Тој вели дека туристите се прашувале зошто тоа е проблем и немале поим што направиле.
„Кога патувам, ако видам фонтана, немам желба да скокнам. Ако сум во Париз, шетам покрај Сена, не се фрлам во реката. Ако отидам во Прага, ако ја фрлам облеката на споменик и да отидам на пливање, ништо нема да ми се случи? Луѓето во Венеција прават работи што не би ги правеле на друго место?“ се чудат локалните жители.
Портпаролот на полицијата во Венеција изјавил за Си-Ен-Ен дека Чехинката сакала да се фотографира со статуата и потоа се извинила.