Холивудската ѕвезда Ема Стоун потврди дека се свршила со своето момче Дејв Меккери, кој е сценарист и режисер во популарното ТВ-шоу „Сабота вечер во живо“.
Тие објавија заедничка фотографија на Инстаграм, на која 31-годишната Стоун го истакнува свршеничкиот прстен.
Дејв под својата објава прокоментирал само со срце.
Тие се запознаа кога Ема гостуваше на „SNL“ во 2016 година, но Стоун и Меккари прв пат биле забележани заедно во ноември 2017 година. Двојката направија едно од ретките свои појавувања, на SAG Awards 2019 година.
https://www.instagram.com/p/B5q8jCvBv7O/?utm_source=ig_web_button_share_sheet