Актерот Мартин Шин важи за еден од оние холивудски уметници кои имаат прекрасна и долга кариера, но неговата љубовна приказна со сопругата Џенет Шин е еднакво долга и без никакви „дамки“.
И двајцата се со потекло од Охајо, а парот се сретнал во раните 60-ти во Њујорк, додека пак се венчале во 1961 година. Заедно добиле четири деца, тројца синови и една ќерка. Овој пар подоцна добил и десет внуци од кои некои исто така се познати во јавноста.
Кога го прашале за тајната на среќниот брак со Џенет, актерот одговорил дека нема поим.
„Навистина не знам. Никогаш не сум сретнал личност со поголем интегритет. Ми требаше време да бидам еднаков и директен со неа, како што таа секогаш беше со мене“, изјавил актерот.
За Мартин, работата на таквата искреност е една од најважните аспекти за среќна врска.
„Имав среќа да се оженам со најубавата жена која ја сретнав. Таа не знаеше како да лаже. Тоа беше невозможно. Секогаш ме излудуваше“, раскажал актерот во 2015.
Две години подоцна за „Guardian“ изјавил дека Џенет е личност на која најмногу ѝ се восхитува.
„Таа е најсовршеното и чесно човечко битие“, ја пофалил сопругата.
Која е чесната и искрена Џенет, жената која Мартин Шин ја сакал цел живот?
Иако и двајцата пораснале во Охајо, сепак не се сретнале таму туку во Њујорк. Мартин, чие вистинско име е Рамон Естевез, се преселил во Њујорк во 1959 година поради театарот, а наредната година ја запознал студентката по уметност која го освоила.
За кратко време почнале да живеат заедно, а Џенет веќе наредната година била бремена.
„Иако многу млади основавме семејство, тоа имаше смисла, како нешто што двајца луѓе кои се сакаат природно го прават“.
Парот се венчал во декември 1961 година, на 15-минутна церемонија во Њујорк, а Шин открил дека не можел да замисли посовршен ден од тој.
Во 1962 година тие го добиле првиот син, па наредната година уште еден. Во 1965 година е роден Чарли Шин, а две години подоцна и нивната ќерка Рене.
Додека Мартин правел кариера во Холивуд, семејството постојано патувало. Тие верувале дека семејството мора да биде заедно за да опстои.
„Мојот татко инсистираше за секој филм во договорот да има карти и за мојата мајка и браќата и сестрата“, изјавил Емилио Естевез.
Тешки моменти
Додека го снимал филмот „Апокалипса денес“, актерот на 37 години доживеал срцев напад и нервен слом.
„Целосно се распаднав. Плачев, станав сив, моите очи, брада, сѐ беше сиво и бев на интензивна нега“, изјавил Мартин во 1979 година.
Додал дека Џенет никогаш не го напуштила.
„Спиеше на подот покрај мене. Повика терапевтки и тие две жени ме кренаа“, изјавил тој.
Шин исто така изјавил дека сопругата го натерала повторно да се смее и дека животот покрај неа е навистина прекрасен.