Шарапова напиша дека малиот ќе се вика Теодор.
„Најубавиот, најпредизвикувачкиот подарок што нашето мало семејство може да го замисли, но и подарок што носи најголемо задоволство”.
Зад 35-годишната тенисерка од Нијаган, мало гратче во Сибир, стои одлична кариера во текот на која го освои секој од четирите Грен слем турнири. Таа стигна до првото место на ВТА листата во 2005 година. Во текот на кариерата заработила преку 38 милиони долари од турнири.
Од 2018. година Шарапова е во врска со британскиот бизнисмен Александар Гилкес, со кој се сврши во декември 2020. година.
Во април 2022. година, парот објави дека го чека своето прво дете, а овој петок, на 15. јули, Шарапова открила дека родила син на првиот ден од јули, односно пред две недели.