Марина Балмашева, од Русија, која на светот стана позната откако на социјалните мрежи сподели како стигнала до идеална тежина, го шокира светот бидејќи се одлучи да се омажи за својот посинок Владимир. Таа била во брак со неговиот татко 13 години, но откако се развеле почнала врска со 20 години помладиот Владимир.
Марина и Владимир прв пат се сретнале кога тој имал само седум години. Таа со поранешниот сопруг посвоила пет деца, од кои три живеат со неа и Владимир, а две со бившиот сопруг.
Марина изјавила дека е многу среќна во врската, бидејќи не се чувствувакако стара жена, која мора да чисти по дома, туку како млада и среќна девојка.
Тврди и дека не се грижи дека 15 години помладиот избраник ќе ја остави поради некоја помлада девојка, изјавила за руските медиуми.
Руската јавност се забавува со нивната врска, но има и такви кои ја критикуваат, бидејќи неодамна објавила слика со Владимир кога тој имал седум години.