Познатата актерка и медиумска личност Аманда Холден, која долги години беше дел од жири-комисијата на натпреварувањето „Britain’s Got Talent“, одлучи да направи промена во кариерата, објави „Дејли мејл“.
Имено, Холден ќе се впушти во водителските води, но нејзината нова документарна емисија ќе биде прилично контроверзна и ќе обработува теми поврзани со сексот.
Како што објави „Дејли мејл“, емисијата ќе се емитува на телевизијата Скај хистори.
Овој кариерен потег на актерката не е изненадување за многумина, бидејќи таа во последно време сѐ почесто се појавуваше во провокативни изданија, кои на некој начин беа најава за нејзиниот следен проект.
Документарната емисија ќе ја обработи историјата на сексот и ќе вклучи теми како што се љубовта на Клеопатра кон оргиите, подемот на порнографијата и влијанието на Мерлин Монро со нејзината сексуализирана појава, меѓу другото.
„Документарната емисија ќе биде поткрепена со факти, информации и едукативни моменти, но Аманда ќе ги прикаже на свој начин“, изјавил извор близок до продукцијата која работи на емисијата.
Тоа што е интересно е дека Холден, според објавените фотографии на Инстаграм, ќе ги рекреира ликовите чии приказни ќе бидат прикажани во емисијата.