Едно лице загина, а 22 се повредени при превртување на автобус на автопатот Лесковац-Ниш во Србија. Несреќата се случила утрово во 5 часот и 50 минути.
Порталот Нова.рс пишува дека утринава во болницата во Ниш се пренесени седум лица, од кои двајца се тешко повредени.
Еден од повредените патници е 13-годишно момче, кое било примено со набиен стомак. Исто така, постар маж (69) се здобил со отворена скршеница на раката и скршеница на ребро. Операцијата е во тек.
Потоа во Општата болница во Лесковац биле пренесени и згрижени 15 повредени лица. Нивната состојба е непозната.
Водачот на групата починал на местото на несреќата, со оглед на тоа дека се работи за туристички автобус од Сомбор, кој сообраќал од Грција.
Несреќата се случила утрово околу 5 часот, кога од засега непознати причини автобусот се превртел. Во лекувањето на повредените учествувале повеќе медицински екипи.