Печајот Ламбе Алабакоски пред два месеци го запали влезот на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, а сега се појави и снимка од настанот.
Од видеото кое го објави 4news се гледа како Ламбе Алабаковски доаѓа со велосипед, го остава на страна, оди и го пали влезот центарот „Ванчо Михајлов“.
Инаку Ламбе по неколку денови самиот се пријави во полиција и го призна делото и по неколку денови поминати во притвор тој беше пуштен на слобода.
За истото ќе се води и случај кој треба да започне на крајот од август или почетокот на септември.
Тој ќе се гони по делото за предизвикување општа опасност.