НАЈЧЕВСКА: И не, не е точно дека синот на Талат Џафери треба да се третира како секој друг!

by Тони Зографски

Професорката Мирјана Најчевска реагира на изјавата на претседателот на Собранието, Талат Џафери дека нема ништо спорно што неговиот син ќе биде избран за јавен обвинител.

“И не, не е точно дека синот на Талат Џафери треба да се третира како секој друг.
Токму затоа што е син на висок функционер мора да се внимава на можноста да бенефицира од позицијата на таткото.
Токму заради тоа постојат и членовите 56 и 74 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
Ама, како што реков, не можам да очекувам од човек кој дошол на функција како награда за своите терористички активности и останува на функцијата заради припадноста на мафијашката организација ДУИ да го знае, а камо ли да го спроведува правото, пишува на Фејсбук, Мирјана Најчевска.

останати вести