Македонската глумица Јелена Јованова која живее во Хрватска, стана мајка.
Популарната Јелена од Драчево од серијата „Преспав“вчера во болница во Загреб на свет го донесе своето прво дете. Синчето сè уште нема име.
Инаку, Јелена во 2015 година се омажи за хрватскиот колега Стјепан Периќ, со кој се запознаа на заедничкото снимање на серијата „Тајни“. Нивната венчавка без многу помпа се случи во Загреб.