Ако некој е вистинска светска ѕвезда, тогаш тоа е Џеки Чен. Овој човек снимил над 150 филмови, a активен актер е од 1960-те години.
За него велат дека е единствениот вистински наследник на Брус Ли. Тој е првиот кој ја помешал комедијата со борбата и неговите филмови се вистинско уживање за гледање.
Иако низ годините за многумина е омилен актер, тој зад маската на добар човек крие мрачна страна.
Во автобиографијата која ја издал во 2015 година открил некои детали кои во најмала рака го шокирале светот.
Тогаш тој открил:
Чен е роден во 1954 година во Хонгконг како единец на родителите кои биле сиромашни до толку, што размислувале да го продадат на некој доктор од Велика Британија за 200 долари за да преживеат.
„Кога ги заработив првите пари, веднаш почнав да ги трошам. Но, проблемот беше тоа што почнав неуморно да пијам, подобро кажано да се опивам. Наутро се возев низ градот со „Порше“, а навечер со „Мерцедес“. Пијан“, се присетува Чен за тоа како го поминувал слободното време кога не бил на сет.
Тој се венчал во 1982 година со Џоан Лин, тајванска актерка со која имал две деца. Но, вели дека поради алкохолот станал насилник:
„Еднаш толку многу го удрив син ми Џејси што одлета и падна на креветот. Тогаш навистина претерав со грубоста. Не се исплаши само Џејси, туку шок доживеа и мојата сопруга“, напишал во својата автобиографија која ја објавил во 2015 година.
Исто така признал дека ја изневерувал сопругата со младата убавица Елејн Нг Ји Ли која била Мис на Азија во 1990 година.
Сепак во книгата не ја спомнува својата вонбрачна ќерка Ета Нг, денес 19-годишна девојка која ја добил од таа авантура.
Ета своевремено изјавила дека Чен никогаш не го сметала за свој татко, па за тоа напишала порака на Инстаграм.
„Домот е семејство кое може сами да го изберете. Љубовта е без сомнеж појака од крвта“.
„Се коцкав и ја изневерував сопругата. Се сеќавам дека при едно такво излегување запознав прекрасна девојка, а единствено што знаев беше нејзиниот прекар – Број 9. Продолживме да се гледаме во нејзината мала соба со ниски плафони. Се сеќавам дека многумина се обидуваа да нè гледаат низ малата пукнатина на вратата. Но, мене таа соба ми беше вистински мал рај…“.