Леонардо Ди Каприо (45) и неговата млада девојка Камила Мороне (23) уживаа на плажа во Малибу, јавуваат странските медиуми.
Имено, како што старее, Лео „пушта“ стомак, а изгледа се помалку како убавец и заводник за кој паѓаа жените ширум светот.
Сепак, се чини дека актерот воопшто не се грижи. Тој уживаше во брановите и друштвото на убавата девојка, која за оваа прилика имаше избрано минијатурно бикини.
Ди Каприо и Мороне беа во многу добро расположение и се прскаа во морето со друштво. Патем, добитникот на Оскар е познат по бројните врски со помладите убавици, а тој никогаш не зборува за тоа, вклучувајќи ја и Камила.