На овогодишното доделување на наградата „Global Citizen Awards Atlantic Council“ во Њујорк, каде што се собраа светските водачи, во центарот на вниманието се најдоа милијардерот Маск и италијанската премиерка Мелони, а „New York Post“ го нарече нивниот однос „јавна љубовна врска“.
Маск ја претстави италијанската премиерка по нејзиното исклучиво барање, а во својот говор тој ја опиша како личност којашто е уште поубава одвнатре отколку однадвор, како и дека е „автентична, искрена и промислена“.
Elon Musk presented the Global Citizen Award to Italian Prime Minister Giorgia Meloni. pic.twitter.com/fTiY5dVOBh
— Catch Up (@CatchUpFeed) September 24, 2024
„Тоа не може секогаш да се каже за политичарите“, додаде Маск и предизвика насмевки кај публиката. Потоа италијанската премиерка него го нарече „драгоцен гениј“.
"I thank Elon Musk, for the beautiful words that he had for me and for his precious genius for the era in which we live."
一 Giorgia Meloni pic.twitter.com/SA3nDWw1r7
— DogeDesigner (@cb_doge) September 24, 2024
Илон Маск: „Не постои романтична врска“
Откако јавноста ја коментираше нивната заедничка фотографија и снимките, Маск се огласи на „Х“. „Бев таму со мојата мајка. Не постои никаква романтична врска со премиерката Мелони“, напиша Маск како одговор на фотографијата на којашто тие двајца се гледаат во очи еден со друг, седејќи заедно на масата.
Инаку, Маск и Мелони неколкупати имаа средби, а минатата година Мелони го угости милијардерот во својата службена резиденција во Рим, каде што тие разговараа за теми како што е падот на наталитетот на Западот и потенцијалот на вештачката интелигенција. Маск исто така беше гостин – говорник на политичкиот фестивал којшто го организираше партијата на Мелони минатиот декември.