Иако таа во јавноста се смета за контроверзна старлета, Кејти Прајс е грижлива мајка на нејзиниот син Харви.
Денес, 18-годишниот Харви, кого Прајс го роди на 23-годишна возраст, страда од ретко генетско нарушување познато како синдром Прадер-Вилијам, аутизам и АДХД, и е слеп.
Неколку пати јавно истакна дека нејзината љубов кон синот и помагала во најтешките моменти, а неодамна младиот човек заврши во болницата поради болки во градите. Лекарите му дијагностицирале инфекција на белите дробови, а Кејти признала дека ја предупредувале дека Харви мора да изгуби тежина затоа што тој бил во опасност да има срцев удар.
“Знам дека е страшно кога тоа ќе се кажа, но се надевам дека ќе умре пред мене затоа што нема да може да се снајде во животот без мене. Другите деца би биле тажни ако умрам, секако, но тој не би разбрал зошто не се враќам“, им рече таа на новинарите.