Пејачката Зорица Брунцлиќ која беше дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“ се мажеше дури четири пати. Пред хармоникашот Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш, таа беше во брак со исто така хармоникаш, Љуба Кешељ. Со него ја има ќерката Миљана, но парот по разводот не остана во добри односи. Зорица неколку пати го обвини Кешељ дека не е грижлив татко, дека ја запоставил нејзината ќерка, додека тој зборуваше дека таа е лоша мајка.
„Не сакам ништо да коментирам, посебно не обвинувањата на Зорица. Миљана доаѓаше кај мене, а последен пат беше да ме покани на 18-ти роденден. Потоа повеќе не се јавуваше, ниту доаѓаше. Ја барав безброј пати, но безуспешно. На милон начин ме спречуваше да дојдам до неа. Дури слушнав дека Зорица зборувала дека Миа е ќерка која ја добив со сегашната сопруга. Што да конентирам!?,“ изјави Кешељ.