Утврдениот град Захара де ла Сиера во јужниот дел на Шпанија е изграден за низ историјата да се одбрани од непријателот. Маорите и христијаните се бореле за него во средниот век, а Французите во 1812 година ја дигнале тврдината во воздух. Сега тврдината во овој град во Андалузија, одеднаш стана повторно вредна.
На 14 март, градот Захара се изолира од остатокот од светот, поради ширењето на опасниот коронавирус во Шпанија. Градоначалникот, 40-годишниот Сантијаго Галван, одлучи да блокира четири од петте влезови во градот. Го направи тоа на денот кога е прогласена вонредна состојба во земјата.
Од тогаш, Шпанија има забележано повеќе од 100.000 заболени и 10.000 смртни случаи.
Но, во Захара нема извештаи за коронавирус кај 1400 жители.
“Таква е состојбата во текот на две недели и јас мислам дека тоа е добар знак”, изјави градоначалникот галван за Си- Ен-Ен.
Неговите драстични потези имаат целосна поддршка од населението, особено кај постарите лица. Речиси една четвртина од градот има повеќе од 65 години, а повеќе од 30 жители се во старечки дом. Градовите и селата околу Захара во исто време имаат заразени, па дури и смртни случаи.
Галван вели дека првите неколку дена морал да одбие неколку Французи и Германци кои сакале да влезат во градот, без да знаат за нивните ригорозни мерки.
На влезот во градот има само еден полицаец. Двајца мажи облечени во заштитна облека поминуваат низ градот со комбинација на белило и вода. Возилата што влегуваат мора да поминат преку контролниот пункт, со цел да се измијат гумите.
“Нема возилото што поминува низ оваа точка, а да не се дезинфицира”, вели Галван. Градоначалникот признава дека овие мерки може да биде 20-80 отсто ефикасни, но, исто така, вели дека целта е да се обезбеди место.
“Моравме на жителите да им дадеме мир. Тие знаат дека никој не може да влезе во градот “, додава тој.
Локалните жители плаќаат две жени да доставуваат храна и лекови за намалување на бројот на луѓе на улиците. Тие работат околу 11 часа на ден, и нивната побарувачка се зголемува.
Едната од нив, 48-годишната Окси Раскон вели дека жителите реагираат прекрасно.
“Тие се многу среќни, бидејќи не се надвор. Се чувствуваат побезбедни и посигурни. Градот има преземено вистински мерки во право време и сега ги гледаме резултатите “, изјави жената.
Покрај тоа, градот е опремен со два автомобили, од кои пуштаат музика и осветлување додека децата од балкон може да уживаат во нив.
Главниот приход на градот доаѓа од семејните фарми и самовработени жителите но градскиот совет одлучи да ги покрие трошоците за струја, вода и даноци за време на вонредната состојба.
Но, градоначалникот знае дека Захара на крајот ќе и треба помош од Мадрид или од регионалната влада ако оваа состојба продолжи.
“Ќе ни треба финансиска поддршка ако ова продолжи”, изјави тој за Си-Ен-Ен.