Сашо Мијалков е во Скопје. Се извини на целата македонска јавност затоа што сите го барале, а тој бил изолиран заради висока температура.
Тој замина во Обвинителството за организиран криминал, да го земе решението и ќе замине во домашен притвор.
Мијалков го пречека екипа на „24 Вести“ за кој даде изјава.
– Никогаш не сум бил надвор од Македонија. Имав повишена температура, се изолирав. Се извинувам на Владата и на македонскиот народ. Јас кога ќе дадам збор, не го погазувам. Еден ден бев во изолација и гледајте што се случи – вели Мијалков за телевизијата.