Бујната и квалитетна коса е еден од заштитниот знак на холивудската глумицат Џенифер Анистон. Како што пишува британски “Сан“, една од причините за квалитетната коса на згодната актерка е шампонот што го користи. Но, не било каков шампон, туку оној што првенствено е наменет за коњи.
Се работи за производ кој се продава на Амазон, наменет е за тенка и безживотна коса, оценет со пет звезди и чини само 11 евра. Во описот на прозводот пишува дека можат да го користат и луѓе и коњи за да имаат блескава коса.
Покрај Џенифер Анистон шампонот за коњи го користат и Ким Кардашијан како и глумицата Деми Мур.