Во Задар вчера беше отворен маркет на трговскиот синџир „Еуроспин“, каде се забележаа многу луѓе, метеж во и надвор од продавницата, а покрај тоа, луѓето со раце грабаа печено свинско.
Како што пренесува Индекс.хр, однесувањето на купувачите било далеку од здрав памет, а отворањето на маркетот било засенето од однесувањето спротивно на сите противепидемиски мерки. Најпрво, пред отворањето се собрал многу народ. По сечењето на црвената лента буквално влетале во маркетот.
За држење дистанца не станува збор. Никој на влезот не ги предупредувал да носат маски и да држат дистанца.
Но, вистинки распад на противепидемиските мерки настанал кај масата со печено свинско, каде девојка сечела од месото и ставала на пластични чинии, но луѓето со раце грабале од него, а на некои маската им е спуштена под носот.
Една читателка успеала да направи неколку фотографии, а го прашала и момчето од обезбедувањето на влез зошто пуштаат премногу луѓе, кое дрско ѝ одговорило да земе метро и да го измери дуќанот.