(фото: Марко Поплашен)
Актерката Неда Арнериќ и натаму се наоѓа на одделението за токсикологина на ВМА во Белград откако пред десетина дена беше пронајдена без свест во својот стан.
– Неда навистина е подобро, но и престои голема борба да се врати во нормала. И натаму неможе да диши самостојно, па е приклучена на аспиратор, односно, вештачки бели дробови – вели извор од болницата, кој истовремено информира дека и е стабилизиран притисокот.
(фото: Владимир Шпорчиќ)
– Кога ја примија во болница имаше притисок 50 со 20. Тогаш беше во тешка состојба, која сега е регулирана. Неда не е во кома. Таа нон-стоп спие и на неколку секунди ги отвора очите, па повторно заспива. Се тоа е нормално за нејзината состојба“ објаснува изворот.