Серена Вилијамс се пошегува за нејзините обиди да ослабе пет месеци откако таа и сопругот Алекс Оханијан ја пречекаа втората ќерка.
Седумкратната шампионка на Вимблдон призна дека заостанува околу еден месец во остварувањето на целта да се врати на тежината од пред бременоста.
„Го добив ова кул здолниште на Валентино кога бев бремена и мислев: „Ќе можам да го носам кога ќе немам стомак“, откри тениската легенда (42) додека стоеше пред огледалото во нејзината бања. „Не можам да се сместам во него“, призна таа откако двапати се бореше да го подигне здолништето нагоре.
„Хјустон, имаме проблем“, се пошегува таа. „Добро, чувствувам дека ќе успеам ако одам во теретана“, рече таа со малку двоумење. Видеото завршува со сцена од тексас здолниште на врвот на комодата со порака до нејзините 17 милиони фанови и следбеници на Инстаграм: „Назад во фиоката… Засега!“
Да потсетиме дека Вилијамс (41) и нејзиниот сопруг го добија второто дете во август. Поранешната тенисерка радосната вест ја сподели на социјалните мрежи. На Инстаграм, заедно со фотографија со семејството, таа го откри и името на девојчето – Адира Ривер Оханијан.
На минатогодишната Мет Гала во Њујорк, каде пристигна со сопругот, Серена објави дека чека второ дете, а на новинарите им кажа дека тројца пристигнале таму. „Бев толку возбудена кога Ана Винтур нѐ покани тројцата на Мет Гала“, рече таа тогаш.
Минатата година изјави дека планира да се повлече од тенисот и дека сака да го прошири своето семејство. Инаку, таа ја роди ќерката Олимпија во 2017. Серена и Алексис се запознале во 2015 година во хотел во Рим. Набрзо се заљубиле и почнале да излегуваат. По една година врска, тие се свршија и се венчаа во 2017 година.