Од Коби Брајант кој загина во хеликоптерска несреќа се прости и Џенифер Лопез. Филмската и музичка ѕвезда се огласи на Инстаграм и наведе дека е многу тажна поради загинувањето на НБА ѕвездата.
-Семејство. Кога гледавме вести за Коби, Алекс и јас разговараме за моментите на кои се сеќававме… ова е вистина која одзвонува најгласно… семејството е тоа што е најважно. Сите ние ја чувсвуваме тагата поради големата загуба, но се што ќе помислиме е само зрно во песокот во споредба што Ванеса (сопругата на Коби Брајант) мора сега да преживее. Ти ја испраќам целата љубов и се молама за тебе, за твоите деца и остатокот на семејството што га изгуби најмилото во овој трагичен сплет на околоности. Сите семејства кој жалите поради оваа трагедија нека Бог биде со вас. Коби, многу ни значеше на сите и ќе недостасуваш за секогаш. Фала ти на твојата работна етика, на твојата инспирација, и на твоето срце, – напиша Џенифер Лопез на својот Инстаграм.