Некогашниот член на дуото „Дуле и Коки“ Коки Јанков деновиве морал да руча на клупа. Имено, музичарот не е вакциниран, а нема ниту прележано ковид -19, па според новите протоколи нема право да седне во ниту еден локал. Затоа тој својот оброк си го изел на една клупа пред Драмски.
„После 30 години во кафеана, на клупа пред Драмски…Па јас ли сум виновен што немам прележано, немам ни антитела… Те, така“ – напишал Коки на својот Фејсбук профил.