Џесика Феро (34) порано била толку многу дебела што столчињата пукале под нејзината тежина. Кога патувала со авион, морала да купи две карти за да може да се смести, а честопати трпела и навреди со осуда на сметка на својот изглед.
Таа е висока 187 см, а некогаш имала 228 кг. Поради високиот крвен притисок, имала и проблеми со дишењето, но и болки во грбот и зглобовите. Таа дневно внесувала 6.500 калории, а на еден оброк можела да изеде неколку хамбургери, две големи пици и повторно да чувствува глад.
Но, смртта на нејзиниот татко од срцев удар, кој исто така бил гојазен, ја натерала да размисли за сопствениот живот. Тој не бил пушач, не пиел алкохол, но храната што ја јадел го чинела живот.
-Никогаш нема да заборавам кога падна од креветот. Очајнички се обидував да го реанимирам, но обидот да поместам 130 килограми несвесна тежина беше најтешкото нешто што се обидував да го сторам, додека операторот од Брзата помош се обидуваше да ме смири и да ми даде упатства преку телефон – раскажала Џесика.
Смртта на нејзиниот татко толку многу ја потресла што одлучила да ослабе како знае и умее. Освен тоа, Џесика го мразела своето тело и имала проблеми со менталното здравје, напади на анксиозност и депресија.
Откако успеала да се ослободи од дел од тежината, една година по смртта на нејзиниот татко ѝ била изведена интервенција за намалување на желудникот.
По направениот бајпас на желудникот, таа се соочила со опуштена кожа, која исто така ја отстранила хируршки. Потоа се посветила на здравата исхрана, што подразбира јадење мали оброци кои вклучуваат доста овошје и зеленчук, а преработената храна целосно ја исфрлила.
Џесика почнала да вежба фитнес и толку многу напредувала што дошла и до натпревар во бодибилдинг. Својата неверојатна трансформација денес ја користи да ги мотивира другите, па своето искуство го дели на социјалните мрежи и ги поттикнува гојазните луѓе да се менуваат.
– Дури сега сфаќам колку тежината ми влијаела на енергијата, расположението, самодовербата и активностите, па дури и излегувањата со пријателите. Сега повеќе го ценам животот и имам многу повеќе енергија во споредба со порано. Го променив секој аспект од мојот живот. Емотивно сум посреќна и верувам дека ја заслужувам таа среќа – заклучила таа.