„Почнавме со два милиграми за да видиме дали ќе помогне, потоа 2,5, па 3, 15 и 50“, изјави Дион за списанието People во новото интервју.

Швајцарската пејачка призна дека ефектите од лекот исчезнале толку брзо што еднаш зела 90 милиграми валиум за да може да настапи.

„Можеше да биде фатално. Не ја доведев во прашање дозата бидејќи не знам медицина. Мислев дека ќе биде добро. Валиумот делува неколку дена, неколку недели, а потоа престанува да делува“, вели Селин.

Во декември 2022 година, таа јавно објавила дека боледува од синдром на вкочанета личност и додаде дека болеста влијае на нејзините секојдневни активности бидејќи ѝ го ограничува движењето, но и ги оштетува гласните жици, поради што не може да пее како порано.