Манекенката наречена „сексуално најактивната жена во Австралија“ вети дека ќе го надмине сопствениот рекорд спиејќи со 600 мажи во 2025 година.
Ени Најт, која тврди дека спиела со 300 мажи во 2023 година, има за цел да спие 365 мажи до крајот на 2024 година.
„Да се биде во забавната индустрија за возрасни ми овозможи да согледам колку луѓето го осудуваат жените поради сексуалниот апетит“, изјави Ени (26) за „Перт“, пренесе „Дејли мејл“.
Таа се надева дека ќе ги разбие предрасудите околу жените кои уживаат во секс без обврски.
„Буквално се однесувам исто како и многу мажи во светот, но ме осудуваат поради она што го работам. Тоа е смешно“, додаде Ени.
Вели дека постоело лажно верување дека не била интелигентна поради нејзиниот сексуален апетит, а истиот наратив не се подразбира за мажите кои се однесуваат на ист начин.
„Им даваат слатки прекари, но мене ме исмеваат затоа што едноставно го сакам истото“, продолжи таа.
Ени додаде дека е на добар пат да ја постигне својата цел.
За да ја постигне својата цел, Најт ќе мора да има интимни односи со 11 до 12 мажи неделно во текот на годината, без паузи.
Австралијката, која тврди дека заработува 2 милиони долари годишно, неодамна откри што мисли нејзиниот татко за нејзината кариера во индустријата за возрасни.
Ени се појави на Инстаграм стори минатиот октомври за да потврди дека ја има целосната поддршка од нејзиниот татко и покрај неговата првична збунетост, велејќи им на своите следбеници: „Тој многу ме поддржува и само сака да бидам среќна“.
Рече и дека нејзината мајка отсекогаш го поддржувала нејзиниот начин на живот.