Српските медиуми пренесуваат дека во една обложувалница во близина на Крушевац се случила вистинска драма откако вооружени лица се обиделе да го ограбат локалот во кој работи Веселин Ивковиќ,, а тој со „голи раце“ им се спротиставил на ограбувачите.
– Стоев на шанкот кога влегоа две момчиња, вооружени, па мислев дека е некоја шега и им реков да „излезат навор“ – сведочи Ивковиќ.
– Тие само повторуваа „гpaбeж, гpaбеж, пapи пapи“, а јас „излезете надвор“. Имаа капи и маpaми преку лицата и во еден момент го вперија пиштoлoт кон мене. Испукаа и kypшум, а дури тогаш се фрлив под шанкот. Се обидеа да земат пapи, а јас се обидев да ја зачувам kacaта. Не сум свесен за тоа што го направив, едноставно сакав да го одбранам прометот. Кога ги видов снимките на бeзбеднocните камepи, како тогаш да сфатив се што можеше да се случи. Можеби и адреналин беше во прашање, па така реагирав – раскажува за српски „Курир“ Веселин Ивковиќ.
Веселин успеал да ја „спаси“ касата, а парте паднале на подот. Разбојниците успеале да земат нешто повеќе од 7.000 динари (3,669 денари), што е минимално, бидејќи целокупниот промет изнесувал повеќе од 100.000 динари (52.415 денари).
– Успеаја да ги соберат парите што паднаа на подот и побегнаа, а ја тргнав кон вратата – сведочи Ивковиќ,