Откако на 1-ви јуни го прекина финалето во Лигата на шампионите втрчувајќи полугола на терен, згодната Русинка Кинси Волански и нејзиното момче спремале нова акција, но овој пат немале успех.
Тие отпатувале во Рио со идеја нешто слично да направат и во финалето на Копа Америка, но нивниот план не успеал.
„Изгубивме на Копа Америка. Имавме луда авантура, отпатувавме во Бразил како навивачи и дојдовме до нашите седишта на стадионот, но се заврши така што Витали беше уапсен од 20 луѓе во обезбедувањето. Сега излеговме на слобода и уживаме во Рио“, напиша Волански на нејзиниот Инстаграм профил.
https://www.instagram.com/p/Bzq5YFSpBqH/?utm_source=ig_web_button_share_sheet