Поранешниот сопруг на Ејми Вајнхаус, Блејк Филдер Сивил во интервју за британска телевизија, искрено говореше за бракот со популарната пејачка.
Истовремено, тој ги критикуваше и нејзините најблиски, од причина дека како што рече, сакаат да заработат на нејзината смрт.
„Не е точно дека нашиот брак беше полн со дрога. Заедно се дрогиравме во само првите шест месеци брак. После тоа, Ејми пушеше канабис, а јас сум пробал хероин четири или пет пати“, рече Блејк.
Пејачката Вајнхаус почина во 2011 година од труење со алкохол, две години по нивниот развод.