Холивудската актерка Деми Мур и нејзината ќерка Скаут Вилис неодамна беа фотографирани во Калифорнија, а вниманието го привлече познатата актерка која и на 61-годишна возраст и изгледа одлично.
Мајката и ќерката прошетали низ градот во облека од омилениот материјал на сите генерации – тексас.
Мур се одлучи за едноставен, но прекрасен аутфит. Фустанот го искомбинирала со предимензионирана тексас кошула.
Шлицот ги покажа нејзините долги и тенки нозе на кои завидуваат и двојно помладите.
Ова е нејзиното најново појавување во јавноста, но таа секогаш е во центарот на вниманието каде и да се појави.