Екипата на естрадниот магазин „Бекстејџ“ деновиве го посети домот каде што живееше Влатко Илиевски со неговото семејство во скопската населба Ѓорче Петров. Toј таму живееше заедно со неговите родители и неговата сестра.
Родителите на пејачот ги отворија вратите од својот дом за „Бекстејџ“, а како што велат секое ќоше потсетува на Влатче.
Инаку, македонскиот пејач почина пред две години. Тој беше пронајден мртов во неговиот автомобил „Тојота“ на булеварот „Трета македонска бригада“.